Зимава, студот е топлина, а ноќта е светлина – концертен декемвриски серијал „Зимска магија“ на Sarah Mace & The Girlzz со Божиќниот оркестар


Крајот на годината е сè пократок, а групните пораки веќе се исполнети со планови за пречек на новата година и можеби малку поинаков декември.

Sarah Mace & The Girlzz (вокалниот квартет Ана Петановска, Калина Велковска, Теа Богатинова и Сара Мејс) заедно со Божиќниот оркестар, под палката на Иван Еминовиќ, претставуваат нова „Зимска симфонија“ за македонската јавност.

Годинава, по петти пат, препознатливиот зимски проект, во последниот месец од годината, добива поинаква зимска димензија, со интерактивна сценска приказна и волшебен музички перформанс за сите генерации.

Празничниот концертен музички серијал, исполнет со светски и домашни новогодишни хитови, со сигурност ќе го стопли секое срце во публиката. Организаторот „Евентум“, засега го најавува концертот во Скопје, а наскоро ќе сподели повеќе детали за останатите декемвриски концерти низ Македонија.

По успешните турнеи во изминатите години, овој состав за првпат најавува концертно доживување во Македонската опера и балет на 20 декември 2026.

Билетите за концертот во Скопје се веќе во продажба на E-ticket.mk преку следниов линк  – https://e-ticket.mk/events/zimska-simfonija-2026-skopje