Аеродром ги повикува граѓаните да учествуваат во креирањето на буџетот за 2027 година
Општина Аеродром ги повикува граѓаните да достават идеи, предлози и иницијативи за буџетот за 2027 година, со цел во него да се вклучат потребите и приоритетите на жителите од сите населби.
Предлози ќе може да се доставуваат и електронски, на адресата [email protected], од 26 ноември до 2 декември 2026 година, како и во урбаните и месните заедници, секој работен ден од 9 до 15 часот.
Општината ги објави и локациите каде граѓаните ќе можат да ги достават своите идеи:
-
УЗ Бисер и УЗ Јане Сандански – булевар „Јане Сандански“ 70/1, ТЦ „Бисер“
-
УЗ Стар Аеродром – улица „Васко Карангелески“, спроти игралиштето „Сансет“
-
УЗ Горно Лисиче Запад, Горно Лисиче Север и Населба Лисиче – улица „Тодор Чангов“ 84Б
-
УЗ Горно Лисиче Југ – улица „Горно Лисиче“, во близина на ОУ „Гоце Делчев“
-
УЗ Ново Лисиче – булевар „Видое Смилевски-Бато“ 71А, во Спортскиот центар „Марко Божиновски“
-
УЗ Острово и УЗ Мичурин – булевар „Кузман Јосифовски-Питу“ 17, локал 41
-
МЗ Долно Лисиче – улица „20“, кај последната автобуска станица на линијата 31
Од Општина Аеродром велат дека преку активно учество на граѓаните сакаат буџетот да ги одразува реалните потреби на локалните заедници и да овозможи планирање на проекти според приоритетите на жителите.