Најстудено утрово во Берово, -11 степени, температури под нула насекаде во државата
Во Берово утрово се измерени -11 степени и насекаде во државата темепературите се под нула.
Управата за хидрометеоролошки работи информира дека -8 степени се измерени во Крива Паланка, -7 во Струмица, -6 во Куманово, Штип, Скопје – Петровец, Демир Капија и Битола, -5 степени во Лазарополе, Тетово, Велес, Кавадарци и Прилеп, -4 Скопје – Зајчев Рид, Попова Шапка, Крушево и Виница, -2 во Гевгелија и -1 степен во Претор и Охрид.
Според прогнозата на УХМР, преку денот времето ќе биде променливо облачно. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови од земјата ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12 степени.
Во Скопје сончево и постудено, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне 6 степени.