Путин ѝ се закани на Украина со одмазда поради нападите врз руските рафинерии
Претседателот на Русија Владимир Путин денеска се закани со одмазда поради нападите на Украина врз руските рафинерии.
– Одговорот од наша страна е неизбежен. Тоа сите треба да го знаат – рече Путин за време на состанок за енергетскиот сектор.
Путин не ги прецизираше ниту природата ниту времето на евентуалниот одговор на украинските напади, но побара подобро обезбедување на рафинериите.
Тој изјави дека Киев продолжува со нападите врз руските рафинерии, и покрај, како што тврди, директното барање на претседателот на САД Доналд Трамп да се престане со тоа.
Путин оцени дека интензивирањето на украинските напади, за кои тврди дека почнале на почетокот на јуни, не може да ѝ нанесе критична штета на Русија.