НБА: Победи за ЛА Лејкерс и Сан Антонио, пораз на Филаделфија


Водечките екипи во Западната конференција Лос Анџелес Лејкерс и Сан Антонио постигнаа победи на ноќешните дуели во НБА лигата и имаат скор од 15-3 (победи-порази), додека Филаделфија лидер во Источната конференција загуби и сега има 14-4.

ЛА Лејкерс предводен од најефикасниот Лука Дончиќ, кој постигна 28 поени остварија победа над Јута со 109:94. Сан Антонио и покрај 19-те поени во првиот период до крајот успеа да стигне до победа над Сакраменто со 123:107 пред сè благодарение на ефикасниот втор период и постигнати 41 поен.

Филаделфија загуби на домашен терен од Портланд 111:128.

На другите дуели беа постигнати следниве резултати: Шарлот – Мемфис 111:117, Индијана – Оклахома Сити 125:120, Минесота – Бруклин 142:116, Торонто – Милвоки 111:116, Чикаго – Кливленд 122:108, Њу Орлеанс – Феникс 119:123 (по продолжение) и Хјустон – ЛА Клиперс 116:104.