Објавен Конкурсот за доделување месечни надоместоци на самостојните уметници за 2027 година
Министерството за култура и туризам соопшти дека е објавен конкурсот за доделување месечни надоместоци на самостојните уметници за 2027 година, со кој се обезбедува поддршка за покривање на придонесите за здравствено, пензиско и инвалидско осигурување, како и данокот на личен доход.
Пријавувањето на конкурсот се врши исклучиво по електронски пат, преку Националниот портал за е-услуги https://uslugi.gov.mk
Конкурсот е отворен до 23 декември до 15 часот. Право на учество имаат самостојните уметници кои ги исполнуваат условите и критериумите утврдени во конкурсот и во соодветниот правилник, информираат од Министерството за култура.
Детални информации за условите за учество, критериумите и потребната документација се достапни на веб-страницата на Министерството: www.kultura.gov.mk.