Студентската листа има кандидат за претседател – изборите на 27 декември
Претседателските избори во Србија ќе бидат распишани најдоцна до 26 овој месец, а ќе се одржат на 27 декември. Оваа вест вчера ја потврди новиот претседател на Србија, Александар Чупиќ, кој гостуваше во емисијата „Впечаток на неделата“, на Н1 телевизија.
„Изборите требаше да бидат распишани многу порано. Тоа требеше да го стори претходнот вршител на должноста, госпоѓата Ана Брнабиќ. Изборите треба се распишат најдоцна до 26 ноември и ќе се одржат на 27 декември. Тоа е последен, односно единствениот рок“, изјави Чупиќ.
Чупиќ потврди дека таканаречената Студентска листа веќе го одредила својот кандидат за претседателските ибори, дека го знае името на кандидатот и дека сѐ уште не може да го соопшти неговото име, но и тоа дека народот треба да верува во квалитетот на донесувањето на одлуките.
Вучиќ веќе знае кој ќе биде нивниот кандидат?
Шефот на пратеничката група „Србија победува“ Александар Вучиќ и поранешен претседател на Србија изјави дека претседателските избори ќе се одржат, а кандидатот на Студентската листа е Радомир Саичиќ.
На почетокот од своето гостување на ТВ Пинк, Вучиќ рече дека и Миленко Јованов ќе оди на консултации денес.
„Јованов и јас денес одиме на консултации“, рече Вучиќ, додавајќи дека ќе добие места во парламентарните комисии пропорционално на неговата сила, но веројатно не и на раководни позиции.
„Во услови на револуционерен ентузијазам, да не се даваат потпретседателски позиции, тоа е желба да се покаже дека се семоќни“, додаде тој.
За претседателскиот кандидат
„Мислам дека е многу поважно што се посветија на нетехничко управување, бидејќи ќе се одржат претседателските избори, Саичиќ е нивниот кандидат, мислам дека е многу лош кандидат, но е бесмислено. Според мене, секако, ќе видиме што ќе кажат нашите партиски органи и сите други, според мене е сосема бесмислено во услови на апсолутен терор“, рече Вучиќ.