„Вкусовите на Кореја“ денеска во Почесниот конзулат на Кореја во Скопје
Амбасадата на Република Кореја денеска во Скопје ќе го одржи културниот настан „Вкусовите на Кореја – KIMBAP Evening“, на кој гостите ќе можат да учествуваат во подготовката на кимбап и да дегустираат корејски специјалитети.
Како што стои во соопштението на Конзулатот, настанот ќе почне во 19 часот во просториите на Почесниот конзулат на Република Кореја, на улицата „Перо Наков“ бр. 25.
– Целта на настанот е приближување на корејската култура и традиција до македонската јавност преку интерактивна презентација на традиционалната корејска храна. Програмата ќе вклучува демонстрација на подготовка на кимбап од страна на готвачката на Амбасадата, можност за учество на гостите во подготовката и дегустација на популарни корејски специјалитети, како и дополнителни културни активности – стои во соопштението.