Снег на повисоките места, силен ветар и пад на температурите
Во текот на ноќта, недела кон понделник, најпрвин во западните делови, а потоа насекаде ќе има врнежи од дожд кои поради спуштање на ладна воздушна маса, на некои од повисоките места ќе бидат од дожд и снег, а на планините од снег.
Ќе дува засилен, а во текот на ноќта повремено силен ветер кој на моменти ќе надминува брзина од 70 km/h, претпладне од западен, а попладне од северен правец.

Времето во следните денови ќе наликува на зимско. Во западните делови од земјата со снег, а во останатите дожд, силен верат и студено, есенско време.
