Мицкоски им постави услов на градежните компании: Нема дозвола за градба ако нема станови за младите поевтини за 20 отсто


Фото: Б. Грданоски

 

Премиерот денеска најави нови мерки со кои владата ќе настојува да им го олесни стекнувањето на младите брачни двојки стекнувањето стан. Во тие мерки е поставен услов за градежните компании.

Христијан Мицкоски зборуваше на конференцијата на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ и рече дека ќе има поевтини станови за 20 проценти за млади брачни двојки до 35 години.

„Првата мерка којашто денеска ќе ја објавам, а којашто наскоро ќе се најде како закон пред пратениците е мерка во која ниту една градежна компанија што има намера да гради станбени единици, згради, без разлика во кој град и без разлика на кое место во Македонија, не може да добие дозвола за градба ако не оддели минимум 10 проценти станбена површина за брачни парови до 35 години, по цена која што ќе биде најмалку 20 проценти пониска од пазарната цена“, рече Мицкоски.

Тој порача дека тоа е негова порака до сите градежни компании и оти по донесувањето на овој закон нема веќе дозволи за градење, нема веќе бетонизација, туку ќе биде хумано градење и домување. Тој најави нула комуналии за куќа за брачна двојка до 35 години.

„Третата мерка е секој студент да не добие усогласување со она што се вели инфлација, трошоци за живот, зголемување на оброкот, туку да добие најмалку 20 проценти поголеми услуги, не за топлиот оброк, туку за многу други услуги што ќе ги има користејќи ја апликацијата М-услуги“, рече Мицкоски.

Тој истакна дека тоа е нешто што го немаат ниту студентите во Европската унија, а тоа ќе го имаат студентите во Македонија.