Сиљановска му честиташе на Чупиќ за изборот со три дена задоцнување
Александар Чупиќ беше избран за претседател на српското Народно собрание и в.д. претседател на Србија на 19 ноември, но претседателката Гордана Сиљановска-Давкова дури денес најде слободно време да упати јавната честитка на мрежата X. Во истата честитка таа наведува дека новиот парламентарен и в.д. шеф на државата таа очекува да го пречека во Охрид.
Во тој период Сиљановска-Давкова сепак имала време за други официјални активности. На 19 ноември ги примила акредитивните писма на новата естонска амбасадорка Јана Ванамолдер, како и на новиот саудиски амбасадор Турки бин Ибрахим Ал-Мади. Кабинетот објавувал соопштенија и ја информирал јавноста за нејзината дипломатска агенда. Значи не биле во зимски сон.
Токму на 19 ноември на претседателската страница е објавен и повикот за акредитирање медиуми за состанокот на Процесот Брдо-Бриони, закажан за 27 ноември во Охрид. Во неделната честитка Сиљановска-Давкова напиша дека очекува таму да му посака добредојде на Чупиќ.