„Охрид не молчи! Доста е!“: Граѓаните во Охрид излегуваат на протест против насилството врз жените
Со порака дека е доста од молчење, оправдувања и институционално непостапување, во Охрид за 21 ноември е најавен мирен граѓански протест против фемицидот, родово базираното и семејното насилство.
Протестот ќе се одржи во сабота, од 12 до 14 часот, под мотото „Охрид не молчи! Доста е!“. Повод за собирот се загриженоста и револтот поради насилството врз жените, но и неодамнешниот случај што ја потресе охридската јавност и потсети дека насилството може да се случува и во непосредната околина.
Учесниците ќе се соберат на градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“, по што поворката ќе продолжи низ Охридската чаршија до СВР Охрид, ќе се движи по булеварот „Македонски просветители“ и ќе заврши пред Основниот суд во Охрид.
Организаторите бараат поголема заштита на жртвите, одговорност од надлежните и конкретни промени во справувањето со насилството.
LANDOV Горан: Имам снимки дека брат ми бил дома во времето кога наводно била истурена бојата
„Преку глава ни е од молк, оправдувања и институции што не реагираат навреме. Бараме заштита, одговорност и конкретни промени. Не сакаме да чекаме да биде предоцна!“ порачуваат од иницијативата.
Под слоганот „Охрид не молчи! Доста е!“, граѓаните се повикуваат да излезат и да испратат јасна порака против насилството и институционалното непостапување. објави Скопје1.мк