Во сабота изменет сообраќаен режим во дел од Чаир – ќе се уредуваат тротоарите на улицата „Исмаил Ќемали“


Од Општина Чаир информираат дека во сабота на улицата „Исмаил Ќемали“, поранешна „Благоја Паровиќ“, во скопската населба Топанско Поле ќе се уредуваат тротоарите.

Градежните работи ќе се изведуваат од 8 до 16 часот и во кој период се очекува отежнато одвивање на сообраќајот.

Од Општината ги повикуваат жителите навреме да ги отстранат паркираните возила долж тротоарите за да се овозможи непречено изведување на работите.

На возачите им се препорачува да користат алтернативни сообраќајници.