Исчезнал трактор купен со државни субвенции, земале пари за пчели што не постојат


Ако нема модернизација земјоделството не може да напредува
 

Според изјавите на присутните, машината била дадена на користење на друго лице, а во Агенцијата пристигнале и писмени дојави дека тракторот е продаден. Од АФПЗРР потсетуваат дека секој корисник има договорна обврска најмалку пет години да ја користи инвестицијата исклучиво за сопственото стопанство, без да ја отстапува или отуѓува.

Неправилности се откриени и при проверките кај пчеларите. Кај еден корисник, кој пријавил 50 пчелни семејства, на терен не било затекнато ниту едно, а утврдено е дека нема ниту регистарски број на одгледувалиште. Кај друг пчелар, од пријавени 600 пчелни семејства, биле пронајдени само 190 и десет празни сандаци, додека останатите 400 не постоеле, информираше директорката на Агенцијата, Даниела Иротова Лазарева.

Таа најави дека контролите ќе продолжат континуирано, и пред и по исплатата на средствата, со цел да се спречат злоупотребите.

„Нема селективност и нема привилегирани. Обврска на Агенцијата е да ги заштити чесните земјоделци и да обезбеди јавните средства да се користат за вистинско земјоделско производство“, истакна директорката, нагласувајќи дека „пријавеното на хартија мора да постои и на терен“.