Грешка на ВМРО-ДПМНЕ: Акции во Адико банка има „Алта груп“, а не Алта банка


Уделот на акциите во Адико банка

 

Има ли или нема Алта банка акции во Адико банката во Австрија или на озлогласената банка од Белград ѝ бил забранет влезот на австрискиот пазар.

ВМРО-ДПМНЕ денеска соопшти дека СДСМ и Венко Филипче манипулирале со јавноста и креирале хистерија за да предизвикаат потрес на финансискиот пазар со тврдењата дека српската Алта банка имала забрана за работа во Европската унија. Портпаролот на партијата, Валентин Манасиевски, рече дека тоа претставувало силна основа Јавното обвинителство да отвори истрага и да поведе постапка против Филипче.

На прес-конференцијата, Манасиевски рече дека Алта банка не само што не била санкционирана од Европската централна банка (ЕЦБ), туку до моментот на нејзиното затворање имала удел во Адико банката, поради што домашните регулатори немале законска можност да го спречат нејзиниот влез во земјава.

Како потврда за своите наводи, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ презентираше извадоци од официјални документи и соопштенија од две австриски банкарски групации.

Тој рече дека според официјалните податоци на Адико банка од Виена, Алта банка поседува 9,63 проценти од нејзините акции – удел кој српската банка го поседува и денес.

Можеби од брзање да се одговори на обвинувањата на опозицијата или да се направи друг наратив во штабот на ВМРО-ДПМНЕ можеби во брзање направиле грешка, иако и од графиконот што го претставија се гледа дека нивното тврдење не е точно. Според официјалните податоци на Адико банка 9,63 отсто од акциите поседува „Адико груп“, а не Алта банка. А тоа е голема разлика, затоа што тоа се два различни субјекти, а „Алта груп“ воопшто не е банка.

Алта банка и „Алта груп“ ДОО Белград се тесно поврзани, но тие се два сосема различни правни субјекти со различен статус и сметки за намирување на обврските:

„Алта груп“ е холдинг компанија во целосна сопственост на Давор Мацура, која вклучува и други активности (платежни услуги преку Алта пеј, менувачници, трговија, недвижности итн.). „Алта груп“ не е банка и не прифаќа традиционални банкарски депозити од граѓани. Корисниците кои имале обврски или договори со „Алта груп“ продолжуваат да ги уплаќаат на сметката кај банката Поштенска штедилница во Србија.

Алта банка од Белград (во сопственост на „Алта груп“) беше комерцијална банка (поранешна банка ЈУБМЕС). На крајот на октомври 2026 година, Народната банка на Србија ѝ ја одзеде лиценцата за работа поради несолвентност и покрена стечај.