Аларм во Вашингтон: Пукање кај Белата куќа – има ранети


Четири лица се повредени во пукотницата што се случи во четврток наутро во населбата Логан Серкл, недалеку од Белата куќа во Вашингтон, според локалната полиција.

Според полицијата, пукањето се случило на околу 1,6 километри северно од Белата куќа, додека точната локација и околностите на инцидентот засега се непознати.

Полицијата апелираше до граѓаните да ја избегнуваат областа на блокот 1500 на 15-та улица, каде што се наоѓаат фитнес-центарот VIDA, црквата „Свети Лука“ и станбени згради, во непосредна близина на супермаркетот „Хол Фудс“.

Поголемиот дел од улицата е ограден со полициска лента, а полициски екипи интервенираа на неколку локации.