И со кривичните пријави против раководството на СДСМ Мицкоски го копира Вучиќ, рече Жерновски


 

Ова што сега го прави власта е панично штитење на Алта банка и на Александар Вучиќ. Во рамките на тоа се и кривичните пријави против раководството на СДСМ.

„Едноставно му нареди, буквално му нареди на Трајко Славески како гувернер да поднесе кривични пријави, не само како гувернер, туку и Народната банка да поднесе кривични пријави против претседателот на партијата, Венко Филипче, против генералниот секретар, против потпретседателот на партијата и против мене“, рече на прес-конференција Андреј жерновски, секретар за меѓународна соработка.

„Малиот Вучиќ од Македонија работи по налог на оригиналот од Србија. За да можеме што е можно пократко да разбереме што кај нас се случува, ќе се обидам преку два примера за да ни стане на сите јасно како функционира овој систем, оваа поврзаност, папочна врска помеѓу Вучиќ и Мицкоски или помеѓу Мицкоски и Вучиќ.

Во Белград, по употреба на звучниот топ, откако полицијата предизвика хаос на улиците за време на протестите против криминалниот режим на Вучиќ, министерот за внатрешни работи Дачиќ прво изјави дека тие не поседуваат топ. Наредниот ден изјави дека поседуваат топ, ама дека топот е мал, за ден потоа да изјави дека имаат голем топ, меѓутоа не бил употребен таа вечер.

По извештаите на странските агенции и по реакцијата и вклучувањето на Обединетите нации, што направи Вучиќ?

Посегна по секој модел на владеење на оној којшто владее со режим. Ја обвини опозицијата дека ширела паника помеѓу граѓаните. Дали ви звучи познато? Се разбира, тоа се случува кај нас. Тоа се случува сега под истиот терк.

Така работи и нашиот премиер Мицкоски и ја обвини опозицијата дека шири паника“, нагласи Жерновски.

Потоа тој даде преглед на настаните.

„Јунакот побегна во Германија на екскурзија и оттаму набљудуваше што се случува сето тука, за фокусот да биде на други, никој да не гледа каде е тој.  Го снема цела недела. По информациите од обвинителот од Србија дека банката служела како пералница на пари, Славески и Мицкоски рекоа дека кај нас сè е во ред.

Потоа објавија дека има пет-шест заинтересирани за купување на банката. Како се нуди да се купи банка којашто е под истрага, чиј сопственик е во притвор, кому му е забранет во Црна Гора.

На крај, кого обвинија? Се разбира, медиумите. И потоа, откако се врати Мицкоски, на крај мораше да се врати во Македонија, се разбира, се обвини дежурниот виновник, а тоа е СДСМ“, рече Жерновски и направи споредба со она што се случуваше во Србија.

„Во СрбијаНародната банка рече дека сè е во ред. Следниот ден ја одзеде дозволата за работа, а по два дена банката отиде во стечај. Како беше кај нас?

Тогаш СДСМ не ширеше паника, туку ширеа паника оние што се задолжени и оние што овозможија влез на овие пари од Србија во Македонија.

Веднаш по воведувањето на присилната управа, гувернерот Славески рече ‘Сè е во ред’, но веќе наредниот ден воведе ограничување од десет илјади денари. Потоа ја воведе присилната управа и им забрани на граѓаните да ги користат средствата, оние пари коишто се неопходни за храна, за лекови и така натаму.

Тие направија директна штета и вистинска паника предизвикаа меѓу граѓаните. Ете, тоа е паниката којашто вистински беше проширена токму од нив, токму од Мицкоски, токму од Славески. Славески самиот многу добро знае дека со потписот самиот себе се обвинил, затоа што дал дозвола за работа на оваа банка на Вучиќ, којашто служи за перење пари коишто се внесени преку криминал, преку корупција и преку продажба на дрога“, нагласи Жерновски.

Тој рече дека сега е на потег обвинителството и обвинителот Ненад Савески е на потег. „Дали ќе застане на страна на правдата и на страна на вистината или ќе застане на страна на организираната криминална банда на Мицкоски? Во Србија, да потсетиме, секој ден има апсење и сите оние обвинители што учествуваа во оваа криминална шема на Вучиќ веќе се соочени со кривични пријави.

Вчера во Собранието, на Комисијата, Мицкоски лажеше пред целата македонска јавност само за да се оправда со Алта банка.

За тие гнасни лаги коишто вчера Мицкоски ги изнесе против СДСМ за тоа како ја внел и кој ја внел Алта банка во Македонија ќе одговара“, рече Андреј Жерновски.