Во училиштен двор нападнато дете: Сѐ снимале со телефони
Малолетник бил физички нападнат во дворот на основното училиште во гостиварското село Долна Бањица, а настанот бил снимен со мобилен телефон и подоцна објавен на социјална мрежа.
Според пријавата во МВР, нападот се случил на 11 ноември околу 15:30 часот. Таткото на детето, 33-годишниот И.Б. од селото, го пријавил случајот во полиција во 19 часот, наведувајќи дека неговиот син бил нападнат од едно лице кое било во друштво со уште неколку лица.