Надал предлага промени во системот при рангот на АТП листата
Поранешниот најдобар тенисер на светот Рафаел надал предлага промени при рангирањето на светската АТП листа, со пресметување на резултатите од две години, наместо како што е сега од една година. Во овој случај тенисерите ќе имаат поголема слобода за да ги планираат своите настапи.
– Системот на рангирање би ги пресметувал резултатите од две години, наместо една и играчите ќе имаат повеќе слобода при носење на одлуки за настапите. Кога ќе се повредите, ќе имате повеќе време за закрепнување, без притоа да се загубат голем број поени, изјави Надал.
Неговиот предлог во преден план ќе ја стави можноста тенисерите повеќе време да имаат за закрепнување, а помалку опасност да го загубат рејтингот на ранг-листата. Шпанскиот тенисер пред две години ја заврши кариерата, а последните години имаше подолги паузи поради повреди.