Вашиот следен чекор кон сопствен дом со НЛБ Банка – Станбен кредит со каматна стапка од 2,95%


Сопствениот дом е повеќе од адреса. Тој е омилениот простор за утринско кафе, просторот за заеднички моменти и местото во кое новите планови добиваат своја соба. За сите што се подготвуваат за овој важен животен чекор, НЛБ Банка нуди станбени кредити со каматна стапка почнувајќи од 2,95% и без нотарски трошоци за одобрување на кредитот.

Купувањето дом е важна финансиска одлука, која бара внимателно планирање. Покрај замислата за идниот простор, важно е да се разгледаат и можностите за негово финансирање, во согласност со личниот буџет и долгорочните планови. Подеднакво важно е да се избере и вистинскиот финансиски партнер кој се грижи за вашиот буџет и за трошоците што ги носат купувањето и опремувањето на домот.

За полесно да ги остварите плановите за сопствен дом, НЛБ Банка нуди промотивни станбени кредити со атрактивна каматна стапка почнувајќи од 2,95% и без нотарски трошоци за одобрување на кредитот. Станбените кредити вклучуваат животно осигурување или осигурување од незгода, што ви помага поспокојно да ја планирате иднината, со дополнителна заштита од непредвидени настани.

И тогаш кога ќе го пронајдете идеалниот простор, доаѓа желбата и потребата од негово уредување. Затоа, во рамките на промоцијата, НЛБ Банка покрај станбениот кредит нуди и бескаматен кредит за опремување на домот во соработка со Нептун. Така, со поддршката за купувањето и за опремувањето на едно место, вашиот стан побрзо станува дом подготвен за нови спомени.

Повеќе информации за понудата на веб страницата на НЛБ Банка, преку Контакт центарот на Банката (02/15-600) или во најблиската експозитура.

(Комерцијален текст)