Ја освои Златната топка, но не се најде во најдобрите 11: Ова е идеалниот тим по избор на професионалните фудбалери
Овогодишниот освојувач на Златната топка и капитен на Англија, Хари Кејн, на големо изненадување не се најде во идеалниот тим во изборот на FIFPRO во кој се вклучени професионални фудбалери од 73 земји, додека легендарниот Аргентинец Лионел Меси по рекорден 18. пат се најде во најдобрите единаесетмина.
Меси последен пат беше избран во „World11“ во 2023 година, но неговите одлични настапи на последното Светско првенство, на кое ја предводеше Аргентина до финалето, му обезбедија место во тимот, заедно со Ерлинг Халанд, Килијан Мбапе и Ламин Јамал.
Заедно со Јамал, во идеалниот тим за сезоната 2025/2026, се најдоа уште тројца шпански репрезентативци кои го освоија Светското првенство ова лето: Родри, Пау Кубарси и Давид Раја.
„World 11“:
Голман: Давид Раја (Арсенал, Шпанија)
Одбрана: Пау Кубарси (Барселона, Шпанија), Ашраф Хакими (Париз, Мароко), Нуно Мендеш (ПСЖ, Португалија)
Среден ред: Џуд Белингем (Реал Мадрид, Англија), Родри (Манчестер Сити/Барселона, Шпанија), Витиња (Париз, Португалија)
Напад: Ерлинг Халанд (Манчестер Сити, Норвешка), Килијан Мбапе (Реал Мадрид, Франција), Лионел Меси (Интер Мајами, Аргентина), Ламин Јамал (Барселона, Шпанија).