„Нвидиа“ загуби 300 милијарди долари на отворањето на Волстрит
Извршниот директор Џенсен Хуанг призна дека имал вонбрачна афера – наводно со кинеска шпионка.
Акциите на производителот на чипови паднаа за речиси 7,5% веднаш по отворањето на берзата, откако инвеститорите реагираа на веста дека извршниот директор Џенсен Хуанг призна дека имал вонбрачна афера – наводно со кинеска шпионка.
Ова предизвика пад на вредноста на акциите на 172,75 долари по акција, што е намалување во однос на 186,64 долари од петокот вечерта.
Ова „брише“ 335 милијарди долари од пазарната вредност на „Нвидиа“, по одлуката на управниот одбор да покрене независна истрага за тоа дали Џенсен Хуанг бил цел на активности на странска разузнавачка служба.
Со тоа, вредноста на компанијата се намалува на околу 4,16 билиони долари, од 4,5 билиони долари колку што изнесуваше во петокот вечерта.
Па така, со оглед на тоа што акциите паднаа за околу 6% во тргувањето пред отворањето на берзата, пазарната капитализација неминовно ќе се намали.