Релативно топло со повремен локален дожд до сабота, од недела заладување и стабилизирање на времето
Времето до сабота ќе биде релативно топло со повремени локални врнежи од дожд. Поради продор на постудена воздушна маса од север, в недела ќе има заладување и стабилизирање.
Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, во наредните денови по одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен, а в петок повремено засилен до силен ветер од јужен правец.

Минималните (утринските) температури оваа седмица ќе бидат над нула и ќе се движат од 4 до 14 степени, а максималните (дневните) – од 7 до 21 степен.