Флик по победата на Барселона над Атлетико: Лошо почнавме, одлично завршивме
Тренерот на Барселона, Ханс-Дитер Флик, ги искажа впечатоците по синоќешната победа (2:1) над Атлетико Мадрид на гости во 12. коло од Шпанското фудбалско првенство.
– Верувам во мојот тим, сум 100 проценти убеден во тоа, и во идејата за тоа како сакаме да играме фудбал. За мене, сè е во интензитетот на теренот, а на почетокот немаше никаков. Се чувствуваше како Атлетико да е повеќе вклучен во играта и повеќе присутен во ситуациите еден на еден. На оваа победа ѝ давам оценка 10 од 10. Беше многу тежок натпревар и тешко е да се победи на теренот на Атлетико, но тимот одлично ја заврши работата. Имаме потребен квалитет и претходно кажав дека мора да веруваме во овој тим, бидејќи работиме секој ден за да освојуваме трофеи. Во првото полувреме бевме погрешно позиционирани во некои ситуации и ни недостасуваше потребниот интензитет. Бевме премногу далеку од нашите противници, што значеше дека не можевме ефикасно да притискаме. Сепак, натпреварот трае 90 минути, а првото полувреме не беше совршено, додека нашите перформанси се подобрија во второто полувреме. Многу сум среќен, ја заслуживме победата и заработивме три дополнителни бода. Ова е дел од нашата работа. Сега доаѓа репрезентативната пауза, а играчите ќе бидат на гости со своите национални тимови, каде што ќе играат многу натпревари. Тешко е, но е дел од нивната работа. Мора да знаеме како да се справиме со овие околности и мора да се грижиме за играчите, рече германскиот тренер на прес-конференцијата по натпреварот во Мадрид.
Барселона со 33 бода по 12 натпревари е на врвот на табелата во Ла Лига.