Без вода улиците „Никола Парапунов“ и „Разловачко Востание“ во Карпош
Без вода денеска од 09:00 часот ќе бидат корисниците од улиците „Никола Парапунов“ и „Разловачко Востание“ во Општина Карпош.
Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, водоснабдувањето е прекинато поради санирање на затварач (шибер) Ф80мм. на улица „Никола Парапунов“ раскрсница со „Разловачко Востание“.