Без струја утре делови од Белимбегово, Чаир, Карпош и Гази Баба
Делови од Белимбегово, Чаир, Карпош и Гази Баба утре ќе останат времено без електрична енергија.
Центарот за управување со кризи повикувајќи се на инфромација од ЕВН Македонија информира дека од 08:30 до 11:15 часот без струја ќе биде дел од Белимбегово кај мостот поради работа во ТС Белимбегово.
Поради активности во ТС Чаир без струја од 09 до 12 часот ќе останат улиците „Струмичка“, „Ќемал Сејфула“ и „Вуковарска“, а од 12 до 15 часот дел од улиците „Крсте Асенов“ и „Емин Дураку“ во општина Чаир.
Од 9 до 11 часот без струја ќе бидат и улиците „Леринска“ и „Багдатска“ во општина Карпош, а од 11:45 до 15 часот дел од селото Јурумлери.