Српски новинар прогнозира дека Вучиќ брзо ќе се врати на власт
Познатиот новинар и политички аналитичар Капил Комиреди смета дека по парламентарните избори од 25 октомври, Србија би можела да се соочи со нестабилна влада и силна, дисциплинирана опозиција предводена од партијата на Александар Вучиќ.
Во интервју за радиото „Монокл“, Комиреди изразил сомнеж во способноста на Студентската листа успешно да управува со државата, и покрај нејзиниот изборен успех.
„Студентската листа беше исклучително ефикасна во соборувањето на досегашната власт, но прашањето е дали може да владее“, оценил Комиреди.
Според него, движењето обединува идеолошки различни групи, од либерали до националисти и поддржувачи на Русија, што може да предизвика сериозни внатрешни несогласувања. Тој направи споредба со политичките случувања во Индија, кога широка коалиција ја соборила Индира Ганди, но поради меѓусебни разлики не успеала долгорочно да ја задржи власта.
„Мислам дека Вучиќ ќе се врати прилично брзо“, изјавил Комиреди.
Новинарот нагласил дека Вучиќ го признал изборниот пораз, оценувајќи го тоа како важен демократски тест.Комиреди истакнал дека сега клучното прашање е дали новата власт ќе ги почитува институциите и ќе спроведува независни истраги, наместо политички пресметки.
Тој се осврнал и на економските резултати од владеењето на Вучиќ, посочувајќи дека невработеноста, според бројките што ги навел, се намалила од 24 на девет проценти, а Србија добила инвестициски кредитен рејтинг.
Според неговата проценка, Српската напредна странка, која и по 14 години на власт освоила околу 40 проценти од гласовите, останува сериозна политичка сила.Комиреди предупредил дека идеолошките поделби во новото владејачко мнозинство би можеле да создадат услови за брзо политичко враќање на Вучиќ.