ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ свесно создаваат хаос
СДСМ свесно и со умисла создаваат хаос, предизвикуваат немир и вознемиреност кај граѓаните и директно ја рушат довербата во институциите и банкарскиот систем само поради политички поен плус, верувајќи дака на тој начин повторно ќе се факторизираат иако се во политички нокдаун, реагира денес бладеечката партија ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение, а околу прес конференциите на опозицијата за скандалот со Алта банка.
-Функционери на СДС, предводени од Венко Филипче, изнесуваат јавни тврдења и обвинувања кои не се проверени и не се потврдени дали имаат фактичка основа и на тој начин создаваат недоверба кај граѓаните.Креирање страв, ширење лаги и манипулации се дел од политичката стратегија на СДС со цел да остварат некој политички поен плус, а со тоа свесно и прават штета на државата.
Случајот со Алта банка не смее да биде предмет на дневнополитички манипулации, ниту пак финансиската сигурност и довербата на граѓаните да се користат за собирање евтини политички поени. Затоа институциите мора да постапат.Го повикуваме Јавното обвинителство да реагира по член 315 од Кривичниот законик, за делото саботажа, каде што стои:
„Тој што во вршењето на својата работна обврска со намера да го загрози уставниот поредок или безбедноста на Република Македонија на прикриен, подмолен или друг начин, ќе предизвика значителна штета за државен орган, установа или правно лице во кое работи или за друг државен орган, установа или правно лице, ќе се казни со затвор најмалку три години“.
СДС со држењето на прес-конференции пред виталните државни институции како што е Народна банка и нејзино секојдневно обвинување гледаме основи за ваквото дело, затоа што свесно и со умисла сакаат да предизвикаат штета на државен орган, правно лице, како и на штедачите, односно македонските граѓани.
Ова не е првпат СДС и Филипче да отвораат теми со драматични најави и обвинувања.Слични политички дебати имаше и околу договорот со Обединетото Кралство каде СДС велеше дека ќе дојдат мигранти, ИПАРД-програмата, извештајот на Томас Вајц, исплатата на пензиите, унгарскиот кредит, водата во Гостивар, а сега и со Алта банка. Јавното обвинителство мора да одговори на едно едноставно прашање, дали во оваа држава секој може без одговорност да пласира тврдења што можат да предизвикаат вознемиреност кај граѓаните и да ја нарушат довербата во финансиските институции, повикаа од ВМРО-ДПМНЕ.