Официјално светна Камениот мост


Со донација од Турција, од вечерва официјално осветлен е Камениот мост во Скопје.
 
Вечерва, градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски заедно со градоначалникот на Општина Есенлер, Турција, мојот колега Мехмет Тевфик Гоксу, свечено го пушти во употреба новото декоративно и архитектонско осветлување на Камениот мост, во присуство на амбасадорот на Турција, Н.Е. Алпер Акташ, извршниот директор на Халк Банка, Фатих Шахбаз и почесниот конзул, Ајдован Адемоски.
– Постојат места на кои секогаш им се враќаме, затоа што во нив препознаваме дел од себе.
За скопјани, такво место е Камениот мост. Во неговиот камен се врежани векови историја. На него се среќавале генерации, започнувале пријателства и се создавале спомени што траат цел живот. Над Вардар, меѓу двата брега, стои нашата заедничка гордост. Вечерва, таа гордост повторно блеска! – напиша Ѓорѓиевски на Фејсбук.
 
Од оваа перспектива се добиваат семафор мостови
 
Новото осветлување ја истакнува убавината на неговите сводови и му дава посебна величественост во срцето на градот.
 
Овој проект произлезе од Протоколот за пријателство и соработка меѓу Град Скопје и Општина Есенлер.