Без вода утре „Песталоци“ и околните улици
ЈП Водовод и канализација известува дека утре со прекин во водоснабдувањето ќе бидат дел од корисниците на општина Центар.
Оттаму информираат дека поради уличен дефект ф-80 милиметри на крстосницата „Борка Талески/Апостол Гусларот“, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата „Борка Талески“ (потегот од „Ленинова“ до „Рајко Жинзифов,“ вклучително и ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“).
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.