Пентагон им порачал на Европејците да „оладат“ со реториката кон Русија
Претставници на Пентагон во последните недели побараа од неколку земји на НАТО да ја ублажат својата реторика во врска со заканата што ја претставува Русија, тврдејќи дека некои изјави на европските лидери и официјални претставници ја поткопуваат континенталната безбедност.
Меѓу државите кои добија пораки со кои се повикуваат да ги контролираат јавните изјави се Литванија, Летонија и Естонија. Не е јасно дали пораките, кои беа пренесени на билатерални состаноци, беа пренесени и до другите европски влади.
Барањата на САД доаѓаат vo vreme кога администрацијата на Трамп ги обновува напорите да изврши притисок за крај на војната во Украина, која влезе во петта година. Последниот притисок ги спои стимулациите за Русија – вклучително и олеснување на санкциите – со притисокот врз Украина да ги запре нападите врз руската енергетска инфраструктура. Запрашан за коментар, претставник на Пентагон рече: „Приватните разговори меѓу сојузниците се токму тоа, така што нема да ги коментираме овие наводи“.
Меѓу коментарите што го привлекоа вниманието на американските официјални лица се сугестиите на европските лидери дека Русија е притисната како глушец во ќош и прибегнува кон сè поочајни мерки додека нејзината инвазија на Украина се забавува.
Шефот за политика на Пентагон, Елбриџ Колби, клучна фигура во тековниот преглед на нивото на американските трупи во Европа, беше еден од американските претставници што ја пренесе пораката. Ројтерс не можеше да утврди за кои други функционери станува збор.Советот не бил соопштен на конфронтативен начин.
Пораките на САД ја одразуваат дебатата во НАТО за тоа како јавно да се одговори на заканата од сè понаметливата Русија. Некои западни функционери тврдат дека нагласувањата за заканата од Москва може да биде во корист на Кремљ, за кој велат дека сака да сее страв и да ја поткопа поддршката за Украина. Други тврдат дека европските влади мора да бидат транспарентни за да им покажат на своите електорати дека се потребни жртви и ресурси за да се држи Москва подалеку. Тоа е особено точно бидејќи Русија се чини дека ја забрзува тајната кампања на саботажа низ целиот континент. Русија негираше дека води таква кампања.
Сепак Колби неодамна му рекол на еден службеник од Балтикот дека не треба да има „боцкање“ насочено кон Русите. Тој им ја укажал како пример за некорисна реторика оценката на Европејците кои јавно сугерирале дека Русија е „сотерана во кош како стаорец“ .
Не е јасно на која конкретна изјава мислел Колби. Сепак, естонската премиерка Кристен Михал го нарече Путин како „стаорец во ќош“ кон крајот на септември, сугерирајќи дека рускиот лидер прибегнува кон саботажи во Европа додека Русија се повеќе се заглавува во Украина.
„Ви помагаме. Ние Американците сме таму“, рекол европски функционер, опишувајќи ги неодамнешните приватни пораки на Пентагон. „Само не бидете гласни, не правите врева“.
На посебна неодамнешна средба, Пентагон побарал од естонската делегација да биде „одмерена“ во своите комуникации.
Еден од европските функционери рече дека советите на Пентагон, иако пријателски, биле збунувачки, имајќи предвид дека разузнавачките служби во балтичките земји во последните месеци постојано ја намалуваат веројатноста Русија да ги тестира одредбите за заемна одбрана на НАТО.Другите разузнавачки служби на НАТО, напротив, јавно предупредија дека Русија би можела драматично да ја засили својата саботажа во блиска иднина.
Пораките на Пентагон до претставниците на НАТО доаѓаат во тежок момент за европската безбедност. Москва неодамна ја интензивираше својата кампања за негирани напади врз земјите на НАТО, рекоа западните разузнавачи. Во средата, германските обвинители соопштија дека двајца Белоруси биле уапсени за наводно планирање да запалат зграда или критична установа во областа Нирнберг. Во септември, германската влада ја обвини Русија за обид за напад со беспилотно летало на аеродромот Лајпциг/Хале, наводи кои Москва ги негираше.
Во исто време, американските власти разговараа за потенцијални деловни зделки со Русија како дел од притисокот на администрацијата на Трамп за мир во Украина. Тие напори предизвикаа различни реакции од европските претставници, од кои многумина се залагаат за континуирана економска изолација на Кремљ.