Жителите на Чернигов згрижија над 100 кучиња и мачки по рускиот напад врз прифатилиште за животни
Во руски напад врз општинскиот ветеринарен центар и центар за стерилизација „Крок до Тварини“ (Krok do Tvaryn), загина едно куче, а повредени беа три мачки и уште едно куче.
Повредени беа и тројца вработени во прифатилиштето. Од установата побараа од жителите на Чернигов привремено да ги згрижат животните додека траат поправките. До крајот на денот, локалните жители примија 101 куче и мачки во своите домови и помогнаа во расчистувањето на теренот.