Неполн месец по вселувањето вода протекува низ ѕидовите на реновираниот СД „Стив Наумов“
По само неполн месец од вселувањето, вода протекува низ ѕидовите во реновираниот студентски дом „Стив Наумов“, објави „Студентарија.мк“.
Студенти кои се обратиле до „Студентарија“ рекле дека проблемот го пријавиле уште кога ги забележале првите знаци на влага, но, според нив, не било навремено постапено. Во меѓувреме состојбата се влошила, а водата продрела во собата.

Покрај протекувањето, студентите реагирале и на недостиг на греење и проблеми со ролетните, кои биле пријавени уште од вселувањето.
„Стив Наумов“ беше пуштен во употреба во септември по реконструкцијата. За обновата на домот беа предвидени околу 10 милиони евра, а според јавните најави реконструкцијата опфаќала и комплетна промена на инсталациите.
Студентите сместени во „Стив“ конечно ќе може да се перат – нема веќе праќање алишта дома