Малолетници нападнати од други малолетници или возрасни лица


Повеќе случаи нотира полицискиот билтен во кои жрти се малолетници и тоа на други малолетници или на бесот на возрасни.

Имено, вчера во 10:30 часот во СВР Скопје, Д.Л.(43) пријави дека на 09.10.2026 во доцните вечерни часови во двор од основно училиште на подрачјето на Бит Пазар, малолетник бил физички нападнат од неколку малолетници, од кои едниот го познавал, а друг малолетник го снимил настанот со мобилен телефон и го објавил на социјална мрежа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Истиот ден, во 23:50 часот во СВР Скопје, Д.Б.(40) од с.Јурумлери, скопско, пријави дека околу 19:30 часот во с.Јурумлери, скопско, неговиот малолетен син бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во 20:30 часот во СВР Скопје, Е.Б.А.(48) од Скопје пријави дека околу 15:30 часот на подрачјето на Бит Пазар неговиот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Околу 14:25 часот во СВР Скопје, М.М.(18) од Скопје пријави дека на подрачјето на Кисела Вода, едно женско лице со закана со остар предмет се обидело да му одземе пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Надворешнатa канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Л.А.(31) од с.Врањовце, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“. На 19.08.2026 во с.Градец, гостиварско, пријавената физички нападнала дете.