Излегол пред два дена и не се вратил – пријавен исчезнат гостиварец
26-годишен гостиварец бил пријавен за исчезнат откако се оддалечил од семејниот дом.
Како што информираат од МВР, ноќеска во 01:20 часот, во ОВР Гостивар, С.Ш. (20) пријавила дека нејзиниот брат Ш.Ш. (26) го напуштил домот на 14 октомври.
Од полицијата информираат дека се преземаат соодветни мерки за пронаоѓање на лицето.