Вечниот оган гори покрај „вечните“ сандали – Градот остава пример и ѓубре


Фото: Б. Грданоски

Пред осум дена, градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски се пофали дека покрај реконструкцијата на паркот „Жена борец“, по догли години пауза запален е и вечниот оган. 

Тоа е точно, вечниот оган гори, но никој не се сетил да ги тргне сандалите кои таму стојат веќе неколку месеци. 

Според фотографиите што денеска ги направи нашиот фотограф Борис Грданоски, пламенот е видлив, но тука се и сандалите. 

Околу пламенот има и гранчиња, кои вака наликува дека служат за потпал, ако не знаевме дека вечниот оган гори на гас. Ете, вчера повторно Ѓорѓиевски заедно со „бројни граѓани“ правеше генералка на Скопје (една од двете месечни) што ги најави на претходната, пред две недели, ама изгледа оваа локација не беше опфатена со акцијата „Не оставај ѓубре – остави пример!“ или можеби токму овој пример е тој што градските власти сакаат да го остават/оставиме. 

Инаку вечниот оган е дел од Споменичното здание во чест и спомен на сите знајни и незнајни борци и херои што го положиле животот за Македонија. Автор на Споменикот на паднатите херои, чија изработка чинеше 1,7 милион евра, е скулпторот Томе Аџиевски и беше запален на 8 септември, Денот на независноста во 2012 година.

Вечниот оган во Скопје ем згаснат, ем канта за отпадоци

Паркот „Жена борец“ што истиот ден (7.9.2026) почна да се реконструира, денеска паузира. На терен нема никакви активности, за што сведочат денешните фотографии. (Б.Б.)

Фото: Б. Грданоски