Училиштниот базен „Партизан“ денеска се примопредава на Пливачката федерација


Уште во 2023 година во Општина Карпош  почна изградбата на затворен пливачки базен од втора категорија, кој од властите беше претставен како значаен капитален проект кој ќе придонесе за унапредување на спортот, образованието и здравиот развој на младите генерации.

Денеска, три години подоцна најавуваат дека училишниот базен „Партизан“ од Општина Карпош официјално ќе биде примопредаден на  на Националната Пливачка федерација на Македонија.

Со ставањето во функција на новиот базен, Карпош добива значаен спортски капацитет и создава нови можности за развој на пливањето, работа со млади категории и унапредување на спортот.

Пуштен во употреба базен во Карпош, почнат во 2023 година

Училиштниот базен „Партизан“, кој се наоѓа кај спортската сала „Наум Наумовски-Борче“, денеска ќе биде отворен во присуство на градоначалникот на Општина Карпош, Сотир
Лукровски, министерот за спорт, Борко Ристевски и претседателот на Националната Пливачка федерација на Македонија, Сашо Лазаревски, кои ќе ги презентираат значењето на примопредавањето и плановите за понатамошно

Станува збор за современ спортски објект со дименизии од 25 метри должина и 9 метри ширина, со длабочина која се движи од 0.80 до 1.20 метри, што овозможува безбедно користење и реализација на наставните и рекреативните активности. Базенот е изграден согласно современите стандарди за функционалност, безбедност и енергетска ефикасност, со што се обезбедени кавлитетни услови за развој на пливачките вештини.

Изградбата на базенот започна во септември 2023 година, а е целосно завршена во 2026 година.

Овој значаен капителен проект е реазлизиран со поддршка на Владата, преку Министерството за спорт, кое ја обезбеди главната инвестиција од 46.700.000 денари за изградба. Во реализацијата активно учествуваше и Општина Карпош преку обезбедување дел од потребните средства и обврски за ставање на објектот во функција, преку изведба и финансирање на приклучоците за водоснабдување и електрична енергија.

Изведувач на изградбата на базенот е „Конструктор“, по проект на „ВЕЛАРТ“, а со надзор на „МГ Проект“.

Базенот е наменет за деца  на возраст до 9 години да научат да пливаат и преку тоа да  се придонесе за здрав психофизички развој на младите.

– Во соработка со училиштата ќе договориме динамика и начин на реализирање на часовите по пливање“ – истакна заменик-градоначалникот Неделчо Крстевски, пред извесно време.

Целта на овој современ спортски капацитет е да биде максимално искористен и достапен, не само за воспитно-образовниот процес, туку и за спортските клубови за млади пливачи. Затворениот пливачки базен ќе биде во служба на сегашните и идните генерации, обезбедувајќи современи услови за учење, спорт и личен развој.