Без вода дел од корисниците на бул. АСНОМ во Аеродром
Поради уличен дефект на бул. АСНОМ бр.140 во населба Аеродром, прекинато водоснабдување од 13.30 часот денеска имаат корисниците во зградите од бр.124 до бр.136.
ЈП „Водовод и канализација“-Скопје соопшти дека водоснабдувањето ќе биде прекнато до завршување со активностите за санирање на дефектот.