Предупредувачки истрели на ГП„Богородица“ – спречени 15 мигранти
Вчера околу 17:30 часот, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор „Богородица“ ја забележале групата на местото викано „Ќупот“. При преземањето на мерките, полицајците испукале неколку предупредувачки истрели во воздух.
Петнаесет мигранти биле лишени од слобода и предадени во Прифатно-транзитниот центар во Гевгелија за понатамошна постапка, соопшти МВР.
Случајот е евидентиран од надлежните полициски служби.