„Камерен музички десерт“ – Симон Трпчевски со концерт на 2 ноември во Филхармонија
„Камерен музички десерт“ е насловен концертот на маестро Симон Трпчевски на 2 ноември од 20 часот во Филхармонија, во организација на Прагма продукција.
„Симон Трпчески во живо, некаде меѓу светската виртуозност и онаа посебна блискост што постои само кога се свири пред своја публика. Шопен, Григ, Конесон, Шахов и Шостакович во програма создадена за една поинаква концертна вечер – блиска, прецизна и музички беспрекорна.По светските сцени, повторно дома, велат од организацијата.
Билети преку продажната мрежа на: www.kupikarta.com, Розе Веро 2, ЈК травел во Бисер и Јк Травел Дајмонд.