Поради дефект без вода дел од општина Центар


Фото: Б. Грданоски

 Поради дефект без вода вечерва од 20:00 часот до завршување на работите ќе бидат дел од корисниците од улица „Орце Николов“, „Миладин Поповиќ“ и улица „Мирка Гинова“ во Општина Центар, во Скопје, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Прекинот, како што информираат, е поради дефект на затварач (Шибер) од ф-150мм на улица „Орце Николов“ бр.157.