Се отстрануваат старите тезги на Бит-пазар
Од вчера попладне тешка механизација почна да отстранува дел од тезгите на скопски Бит-пазар, а денеска просторот е заграден со висока метална ограда, пишува Колегиум.
Земјиштето каде беа поставени тезгите е во сопственост на приватна компанија и за сега нема информација за причината за уривањето. Ниту во Општина Чаир, на чија територија е пазарот, немаат детални информации. Детали најавија за денеска.
Од Град Скопје упатуваат на одговори во општина Чаир, посочувајќи дека Градот не е надлежен за конкретниот објект.
Станува збор за првите тезги кога се оди од Центар накај Чаир по булеварот „Цветан Димов“. Останатиот дел од пазарот работи.