Без вода делови од општините Центар и Карпош
Без вода во текот на денов ќе останат делови од општините Центар и Карпош, соопштија од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје.
Според најавата, без вода од 8:30 часот ќе бидат корисниците од улицата „Чедомир Миндеровиќ“. Водоснабдувањето од 10 часот ќе било прекинато за корисниците од улицата „Миладин Поповиќ“ и дел од „Орце Николов“, „Никола Тесла“, „Мирка Гинова“ и булевар „Илинден“.