„Приказна што се носи“: Од музејски банери создадени ташни, ранци и несесери во Археолошкиот музеј
Националниот археолошки музеј вечерва од 18 часот ќе биде домаќин на настанот „Приказна што се носи“, преку кој ќе бидат претставени уникатни ташни, ранци и несесери изработени од стари музејски банери.
Настанот има за цел да ги поврзе одржливоста, креативноста, инклузијата и модата, прикажувајќи како материјали што ја завршиле својата првична намена можат да добијат нов живот преку дизајн и повторна употреба.