Алкараз прв финалист на турнирот во Токио
Токио – Третиот светски тенисер Карлос Алкараз стигна до финалето на АТП 500 турнирот во Токио.
Во полуфиналето, Шпанецот денес го победи својот сонародник Хауме Мунар, рангиран на 49. место на АТП ранг-листата, со 5:7, 6:3, 6:1. Мечот траеше 2 часа и 30 минути.
Алкараз сервираше три аса, направи четири двојни грешки и реализираше шест од своите десет брејк топки. Мунар имаше два аса, четири двојни грешки и реализираше три од своите пет брејк топки.
Во натпреварот за трофејот, Шпанецот ќе се соочи со победникот од натпреварот помеѓу Јиржи Легечка (Чешка) и Валентин Вашерот (Монако).
Алкараз е бранител на трофејот освоен во 2025 година.