Алкараз се пласираше во полуфиналето на турнирот во Токио


Токио – Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се пласираше во полуфиналето на турнирот во Токио, Јапонија.

Во четвртфиналето рано утрово, Шпанецот се соочи со Канаѓанецот Денис Шаповалов, кој го предаде мечот при резултат 7:6 (7:3), 2:1 во корист на противникот.

Тенисерите поминаа 1 час и 22 минути на теренот. Во тој период, Алкараз не успеа да сервира ниту еден ас, направи една двојна грешка и реализираше три од седум брејк топки. Шаповалов сервираше еден ас, направи три двојни грешки и реализираше три од четири брејк топки.

Во полуфиналето, Алкараз ќе се соочи со својот сонародник Хауме Мунар.

Наградниот фонд на турнирот изнесува 2,3 милиони долари.