Сончево време за викендот, од понеделник променлива облачност


Фото: Б. Грданоски

За време на викендот времето ќе биде сончево. Од понеделник ќе биде сончево со променлива облачност во текот на денот. Утрата ќе бидат ведри и студени со ниски температури кои наместа ќе се спуштат под нула степени.

Според Управата за хидрометеоролошки работи, утре минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 7, а максималната ќе достигне од 18 до 27 степени.

Во следните денови, како што велат од УХМР, ќе преовладува стабилно и претежно сончево време, а дневните температури ќе достигнуваат до 29 степени.