РК Вардар во продажба ги пушти влезниците за дуелот со Висла


Македонскиот ракометен шампион Вардар во продажба ги пушти влезниците за вториот домашен дуел од Лигата на шампионите против полската екипа Висла Плоцк. Натпреварот се игра на 8.октомври во СЦ „Јане Сандански“ со почеток од 20:45 часот.

Пред црвено-црните е уште еден голем европски предизвик на домашен терен, а поддршката од трибините повторно ќе биде важен дел од борбата за позитивен резултат. По првите две кола тимот на Иван Чупиќ има два пораза.

Билетите за натпреварот се пуштени во продажба, а цената на влезниците се движи од 400 до 600 денари во зависност од местоположбата во салата.

Продажбата ќе се врши преку Vticket – https://vtickets.mk/event/rk-vardar-orlen-visla-plock/237 и директно во фаншопот во СЦ „Јане Сандански“ секој работен ден од 10 до 18 часот, а во сабота од 10 до 15 часот.