Андоновски, Пандев, Касапи и Поповски се добитници на наградата „11 Октомври“


Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“, во согласност со Законот за државните награди, Законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди („Службен весник на РМ“ бр. 52/06, 54/07, 74/12, 99/18 и „Службен весник на РСМ“ бр. 98/19) и Правилникот за работа на Одборот, на својата последна седница донесе

 

                                                           О Д Л У К А

за доделување на државната награда „11 Октомври“ за 2026 година за највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Северна Македонија

 

1. За животно дело во областа на културата и уметноста, наградата му се доделува на:

         

         – проф. д-р Венко Андоновски, писател.

 

2. За животно дело во областа на науката и образованието, наградата им се доделува на:

       

         – проф. д-р Димитар Пандев, лингвист;

         – проф. д-р Ѓулумсер Касапи, универзитетски професор;

         – проф. д-р Владо Поповски, доктор по историски, политички и правни науки.

 

Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 11 октомври 2026 година (недела) во 12 часот во Собранието на Република Северна Македонија.