Вардар ја победи Шкендија Арачиново и се искачи на третото место во ПМФЛ


Шампионот Вардар вечерва на домашен терен ја совлада Шкендија Арачиново со 2:0 во третиот натпревар од 8. коло на Првата македонска фудбалска лига.

Головите паднаа во второто полувреме. Најпрво Бобан Николов го отвори резултатот во 46. минута, Горан Закариќ во 69. го дуплира водството.

На натпреварите играни вчера:
Шкендија – Башкими 4:1
Силекс – Тиквеш 0:0.

На 21 септември Струга ќе го пречека Аресими. Колото ќе се комплетира на 23 септември со натпреварот Брегалница – Скопје.

Табела: Шкендија 19 бода (8 натпревари), Струга 14 (7), Вардар 14 (8), Тиквеш 13 (8), Шкендија Арачиново 13 (8), Силекс 9 (8), Аресими 8 (7), Брегалница 7 (7), Башкими 4 (8), Скопје 3 (7).